Суперкупот помеѓу Баерн и Севилја ќе го суди Англичанец

Англичанецот Ентони Тејлор ќе биде главниот судија на претстојниот Суперкуп на Европа помеѓу европскиот првак Баерн Минхен и победникот во Лига Европа, Севилја, кој за девет дена ќе се игра во Будимпешта и тоа со ограничен број на публика.

Првата пресметка со која традиционално се најавува европската сезона е тест на УЕФА за тоа дали ќе се отворат стадионите во европските натпреварувања, како клупски, така и репрезентативни, па дуелот на Баерн и Севилја му е доделен на искусен арбитар (41 година), кој од 2002 година е судија, а цела деценија веќе дели правда во Премиеригата.

Тој беше судија на четвртфиналето во ЛШ во Лисабон помеѓу ПСЖ и Аталанта (2-1) на кој „светците“ кои подоцна стигнаа до финале победија во трилер-завршница со 2-1.

За Тејлор ова е прв Суперкуп како главен судија, а втор на кој учествува, откако во 2014 година кога Реал ја победи Севилја беше дополнителен судија зад головите.

Него во Будимпешта ќе му помагаат сонародниците Гери Бесвик и Адам Нун, четврти судија е Орел Гринфелд од Израел, а ВАР-судија е Струјарт Етвел, исто така од Англја. Помошник за ВАР е Пол Тирни.