Србија со одличен резултат се враќа од Виена, дебакл на Белгија (ВИДЕО)

Покрај плејоф натпреварите, вечерва се одиграа и дуелите за опстанок во сите дивизии во Лигата на нации.

Србија иако ослабена, оствари одличен резултат на гостувањето кај фаворизираната Австрија (1-1) и на домашен терен ќе одлучува дали ќе остане во А-дивизијата или ќе испадне во понизок ранг. Австријците доминираа на овој меч, упатија 24 удари, но само четири од нив во рамките на голот, а единствениот погодок беше дело на Грегорич во 37. минута. Реми на Србите им донесе Лазар Самарџиќ со фантастичен гол во 62. минута.

Многу блиску до испаѓање од А-дивизијата е Белгија која загуби од Украина со 1-3 во мечот кој се играше во Мурсија. Лукаку ги доведе „црвените ѓаволи“ во водство, но во второто полувреме Гутсулјак, Ванат и Забарњи се погрижија за пресврт и голема победа на украинската селекција.

Реванш натпреварите за опстанок, односно прогрес се играат в недела.

РЕЗУЛТАТИ
А-ДИВИЗИЈА
Австрија - Србија 1-1
Грција - Шкотска 1-2
Украина - Белгија 3-1
Б-ДИВИЗИЈА
Бугарија - Ирска 1-2
Косово - Исланд 2-1
Словачка - Словенија 0-0