
Спектакл што долго ќе се памети: Интер и Барса го израмнија рекордот на Ливерпул и Рома
Врв на фантастичната сезона и можеби финале пред финалето беа пресметките меѓу Интер и Барселона кои го донеесоа најдоброто од фудбалот: голови, шанси, возбудувања и 210 минути игра. На крајот славеше Интер со вкупен резултат 7-6 и по две години повторно ќе учествува во големото финале.
Постигнатите 13 гола во овој двомеч се израмнување на рекордот што до синоќа го држеа Ливерпул и Рома. Во 2018 година тие одиграа со ист вкупен резултат (7-6), а на крајот се радуваше премиерлигашот кој стигна до финалето, но не ја освои титулата затоа што загуби од Реал.