Спарта освои бод во Штутгарт, Брест со „покер“ го торпедира Салцбург

Спарта Прага остана непоразена на гостувањето кај Штутгарт (1-1), додека Брест го прегази Салцбург со 4-0 во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Ензо Милот по само седум минута ја затресе мрежата на гостите од Чешка, меѓутоа Спарта Прага возврати преку Кан Каиринен со голчиште од слободен удар во 32. минута.

Штутгарт доминираше во вторите 45 минути и бараше втор гол за победа против Спарта Прага, меѓутоа чешкиот тим го издржа притисокот и освои бод.

Салцбург можеше да има добар почеток, откако постигна гол во 11. минута, но ВАР-технологијата го поништи погодокот, по што сè тргна во погрешен правец за домаќините.

Сима во 24. минута погоди за водство на гостите, по што истиот фудбалер беше стрелец и во вториот дел, додека мрежата на Салцбург ја затресоа и Камара и Переира Лаге.

Брест е лидер во групната фаза по две одиграни кола со шест освоени бодови и така ќе остане сè до одигрување на останатите дуели кои се закажани вечерва во елитното фудбалско натпреварување.