
Спалети по пласманот на ЕП: Сега почнува вистинскиот предизвик!
Италија се пласираше откако вчера одигра 0-0 против Украина и го освои второто место во групата Ц, веднаш зад Англија која заврши прва со 20 бода.
„Прочитав што пишуваат медиумите за стравот, а откако дојдов сите зборуваа дека овој меч ќе биде пресуден. Со оглед на тоа што се случуваше во минатото, моравме да се пласираме, а не е лесно кога чувствуваш притисок. Научив некои работи и мислам дека сега имам искуство. Сега почнува вистинскиот предизвик, не смееме да бараме изговори“, вели Спалети.