Состави: Меси на клупа против Јувентус!

Дали станува збор за некаква ненадејна повреда или тактичка замисла, не е познато, но она што е точно е дека Лионел Меси вечерва натпреварот против Јувентус ќе го стартува од клупата за резервни фудбалери.

Аргентинецот беше дел од последниот тренинг на Каталонците и беше најавуван како ударна игла во нападот на Барселона, но пред почетокот на дуелот во Торино, брзоногиот фудбалер беше изоставен од стартниот состав.

На неговото место ќе игра Делуфео, а Ернесто Валверде ќе игра во следниот состав: Тер Штеген, Семедо, Пике, Умтити, Диње, Бускетс, Ракитиќ, Иниеста, Паулињо, Делуфеу и Суарез.

Бјанконерите, пак, не можат да сметаат на повредениот Кјелини, а на неговото место Масимилијано Алегри му даде шанса на Бенатија и се одлучи за следните 11: Буфон, Барѕалји, Ругани, Бенатија, Сандро, Квадрадо, Пјаниќ, Кедира, Дибала, Даглас Коста и Игуаин.