Славна компанија брутално го исмеа Роналдо за црвениот картон (ФОТО)

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо имаше кошмарно деби за Јувентус во Лигата на шампионите, откако синоќа на „Месталја“ беше исклучен по половина час игра, по што португалскиот ас прсна во плач за одлуката на судијата Феликс Брих.

И додека трае дебатата за тоа дали Роналдо (не)правилно бил исклучен од игра, а навивачите на Јувентус и неговоте фанови фрлаат дрва и камења по германскиот судија, славната компанија „ЕА Спортс“, која ги изработува најголемите компјутерски игри, меѓу кои и најпопуларната „ФИФА 19“ брутално го исмеа Роналдо на сицијалните мрежи.

„ЕА Спортс“ само кратко напиша: Сега ќе имаш повеќе време да игра „ФИФА 19“!

Инаку Роналдо од „ЕА Спортс“ доби награда како најдобро оценет фудбалер во играта, што е и нормално, затоа што португалската ѕвезда е актуелен најдобар фудбалер на светот.