Скопјанец беше главен на "Олд Трафорд": Славеше повеќе од Роналдо! (ВИДЕО)

Фантастичниот меч вечерва на „Олд Трафорд“, во кој Манчестер Јунајтед со сензационален пресврт во второто полувреме ја совлада Аталанта (3-2), која водеше со 2-0 по првите 45 минути, предизвика огромен интерес во целиот свет, а донесе огромна радост кај сите навивачи на „ѓаволите“.

Секако, најрадосни беа тие на трибините на стадионот, особено по победничкиот погодок на Кристијано Роналдо на десетина минути до крајот. Случајноста сакаше камерата да ја улови и пренесе низ целиот свет радоста на македонски навивач, кој во тој момент беше во поголема еуфорија од самиот стрелец.

Станува збор за скопјанецот Александар Зелениковски, член на фан-клубот на Манчестер Јунајтед во нашата држава, кој едноставно експлодира од радост во моментите кога Португалецот направи целосен пресврт. Неговата френетична радост ја видоа стотици милиони фудбалски фанови ширум светот кои натпреварот го гледаа на телевизиските екрани.