Шпанска ТВ водителка го расплака Христо Стоичков поради бугарскиот расизам! (ВИДЕО)

Најдобриот фудбалер на сите времиња во Бугарија, Христо Стоичков беше страшно погоден од инцидентот што се случи во понеделникот во Софија на стадионот „Васил Левски“, кога англиските фудбалери беа навредувани на расна основа од домашните навивачи.

Легендарниот голгетер од нервоза дури и се расплака сред емисија на телевизија. Тој не можеше да ја задржи нервозата, ниту пак солзите, бидејќи се почувствува засрамен од неговите сонародници кои дури од трибините испраќаа и фашистички поздрави.

Водителката: Ви пречи ова што се случува?

Стоичков: Секако, ми доаѓаат солзи

Водителката: Кое е решението? 

Стоичков: Да се избркаат од стадион. Или уште поригорозни мерки, како во Англија пред многу години, пет години забрана за натпревари. Да научат еднаш засекогаш.

Водителката: Ова го велите за селекцијата на која и го предадовте срцето?

Стоичков: И селекцијата и екипите во првенството...не заслужуваат. Мислите дека јас се чувствувам убаво?