
Шишковски е херој - двапати одбрани пенал против Егнатија!
Шишковски беше херој на Борац во победата, откако во третата серија од пенал-рулетот одбрани дури два пенали против Егнатија. Првиот пат излезе порано од гол-линијата и мораше да се повтори ударот од белата точка, но повторно Македонецот беше на висина на задачата.
Босанската екипа во второто квалификациско коло на елитното натпреварување ќе се соочи против грчкиот гигант ПАОК.