Саутгејт по вторпат ја носи Англија во финале на голем турнир

Англија не импресионира со настапите на Европското првенство (ЕП) во Германија, меѓутоа стигна до финалето каде што ќе се бори со Шпанија за пехарот.

Интересно е тоа што Англија ќе игра второ финале на четвртиот голем турнир на кој селекторот Герет Саутгејт ја предводел селекцијата.