Санчез против Валенсија ги нервираше навивачите на три минути (ФОТО)

Алексис Санчез игра навистина очајно, откако се пресели во Манчестер јунајтед, кој исто така се соочува со голема криза, а тренерот Жозе Мурињо нема решение.

Иако во јануари стигна како големо засилување на „Олд Трафорд“, Санчез тоа не го оправда, а очигледно Мурињо почна да го губи трпението со него.

Португалецот го извади од игра на 15 минути пред крајот, а Чиленаецот имаше очајна статистика на средбата.

Поранешниот напаѓач на Барселона ја загуби топката дури 26 пати против Валенсија, односно во просек тоа му се случуваше на секои три минути.

По очајните настапи, не би било чудно доколку Чиленаецот наскоро си замине од „Олд Трафорд“.