
САД го спасува Израел од фудбалска суспензија!
Од Обединетите нации беше побарано од ФИФА и УЕФА да го суспендираат Израел од сите фудбалски клупски и репрезентативни натпреварувања.
Според нив оваа земја треба да биде исклучена поради сериозни прекршувања на човековите права со нападите врз Палестина.
УЕФА и ФИФА засега ги игнорираат ваквите барања, а светските медиуми пишуваат дека причина за тоа е лобирањето на САД кој е сојузник на Израел.
Израелската репрезентација и клубовите од оваа земја продолжуваат да се натпреваруваат како ништо да не се случува. Двојните аршини на фудбалските организации се очигледни, но засега тоа поминува.