Нереди во Франција: Над 100 ултраси на Рома завршија во полиција (ВИДЕО)

Повеќе од 100 навивачи на Рома биле уапсени во Ница поради предизвикување на нереди во францускиот град пред вечерашниот натпревар на двата клуба во рамките од Лига Еврпа.

Според информациите на „РМЦ Спорт“ безбедносните камери помогнале да се пресретнат навивачите кои се приближувале до стариот дел на градот и од нив биле одземени повеќе метални предмети.

Во акцијата биле уапсени 102 лица идентификувани како „вооружени навивачи на Рома“.

Исто така од полицијата соопштиле дека безбедносните мерки за вечерашниот натпревар ќе бидат подигнати на највисоко ниво и се очекува околу 400 полицијаци да се грижат за редот за време на натпреварот, но и по него.

Натпреврот се игра во терминот од 21:00 часот.

Фото: AS Roma