
Реал го дозна терминот во кој ќе сака да ѝ се реваншира на Барселона
Шпанската Ла Лига одлучи најголемите шпански ривали натпреварот на „Бернабеу“ да го играат во терминот од 16:15 часот.
Во оваа пресметка Реал Мадрид ќе сака да се реваншира на Барселона која минатата сезона среде Мадрид ги прегази „кралевите“ со убедливи 0-4.
Но, исто така каталонскиот гигант ги доби и преостанатите три дуели во финалето на Суперкупот, финалето од Копа дел Реј и вториот натпревар од првенството на свој терен.
Во овој момент Реал Мадрид е лидер на табелата со максимални шест победи во исто толку натпревари, додека Барселона со натпевар помалку е на 13 бода со четири триумфи и едно реми.
Фото: Real Madrid C.F