
„Рекордот на Ѓоковиќ не ме интересира, сакам да седнам со најголемите на иста маса“
Секако, патот пред Алкараз е и тоа како долг и тој самиот вели дека не размислува на рекордот на српскиот ас.
„Не размислувам за 24. грен-слем титули на Ѓоковиќ или нешто слично. Многу пати ме прашувате каква цел имам во мојта кариера и секогаш велам дека тоа е да седнам на иста маса со најголемите легенди на овој спорт. Знам дека многу постигнав до сега, но никој не знае што носи иднината“, порача Алкараз.
Верува Алкараз дека ја игра најдобрата сезона во својата кариера.
„Нема дилеми дека ја играм најдобрата сезона во мојата кариера, играм неверојатен тенис и мислам дека многу напредував. Сакам да останам фокусираан на секојдневни работи за да бидам уште подобар тенисер, но и личност“, додаде Шпанецот.
Алкараз во наредниот период го очекува турнирот од серијата 500 во Токио каде што е прв носител.
Фото: EPA