
Веспрем го освои Букурешт, Алборг го декласира Спортинг
По изедначеното прво полувреме, Динамо успеа да поведе со 22-20, меѓутоа Веспрем го возврати ударот и набрзо презема контрола врз мечот за триумф од 30-27.
Најефикасен во победничкиот состав беше Ремили со седум голови, додека седум погодоци за Динамо постигна Лангаро.
Алборг беше пресилен за Спортинг и победата ја најави уште во првото полувреме (18-12), додека во вториот дел без проблеми го наполни голот на гостинскиот тим за 35-30.
Јул Ласен постигна девет голови за Алборг, додека Торкелсон и Кошта запишаа по шест погодоци за Спортинг.
Standings provided by Sofascore
Фото: EPA