Руни ја отвори душата: Да не беше мојата сопруга, јас ќе бев мртов!

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни зборуваше за проблемите со алкохолот со кои се соочувал во животот, а притоа посочи дека сопругата Колин успеала да го спаси.

Во разговор со бившиот соиграч Рио Фердинанд, Руни призна дека претерувал со алкохолот и неговата сопруга му го спасила животот.

„Дојде до точка каде што претерував. Тоа беше момент во мојот живот кога се борев со алкохолот. Не можев да зборувам со никого, не сакав никој да го носи мојот товар. Искрено верувам, таа да не беше тука, јас ќе бев мртов“, кажа Руни.