Хаос во Бугарија: Суспендирани 46 фудбалери и тренери!

Фудбалскиот сојуз на Бугарија немаше милост и суспендираше дури 46 фудбалери и тренери од првата и втората лига поради обложување на натпреварите во претходната сезона.

Бугарската национална телевизија извести дека истрагата била спроведена од Националната дирекција на полицијата.

Истражувањето траело една година, а се добивале информации од Националната агенција за приходи и соработка со Фудбалскиот сојуз на Бугарија.

Дисциплинската комисија фудбалерите и тренерите ги суспендираше од сите активностите додека не платат казна од 5.113 евра.

Олеснителна околоност за суспендираните било тоа што полицијата во ниту еден случај не открила дека се обложувале на натпреварите на своите тимови.

Фото: PFC LEVSKI