Роналдо знаел - ден претходно ги спремал „ножичките“! (ФОТО)

„Ножичките“ на Кристијано Роналдо го кренаа адреналинот и ќе помине некое време додека се стивне „прашината“ околу нив. И со прави, бидејќи претставува еден од најубавите голови воопшто, поради што доби епитети како „вака не може секој“ или „ваков гол не се постигнува секој ден“. Меѓутоа, изгледа Роналдо може и два дена по ред.

Откако беше креирано фудбалското ремек-дело, се појави фотографија од тренингот во Торино ден пред натпреварот. Роналдо е во поза, речиси идентична на онаа при постигнувањето на блескавиот гол. Пишуваат дека тој тренирал „ножички“ и претходниот ден. Се разбира, ваков момент се случува, не се темпира или тренира, но како што вели овој твит, вежбањето носи до перфекција.

Дали Роналдо постигнал гол и на тренингот не знаеме, но оваа поза делува како да знаел и намерно да се подготвувал да го почести светот со спектакл.