
Роналдо го заврши најдолгиот пост во неговата кариера
Толку време тој беше без официјален трофеј откако последниот го освои на 19 мај 2021 година, додека уште беше член на Јувентус. Со „бјанконерите“ тогаш триумфираше во Купот на Италија, следното лето замина во Манчестер Јунајтед, на почетокот од 2023 година се пресели во Ал Наср и четири години и 20 дена не можеше да се израдува на триумф со своите тимови.
Четиригодишниот пост беше и најдолг во неговата професионална кариера бидејќи никогаш порано не се случило толку време да чека на каков било успех. Претходно, најмногу што мораше да чека беше нешто помалку од две години и тоа во три наврати: од мај 2009 до април 2011, од август 2012 до мај 2014 и од декември 2014 до мај 2016.