Рома ќе почне претпазливо на „Олд Трафорд“, Вилјареал со три напаѓачи ќе го нападне Арсенал (ФОТО)

Вечерва се играат двата први полуфинални натпревари во Лигата на Европа, во кои Манчестер јунајтед ќе го пречека тимот на Рома на „Олд Трафорд“, додека Арсенал гостува кај Вилјареал.

Рома претпазливо ќе го почне натпреварот во Манчестер затоа што во нападот ќе го има само Един Џеко, кој ќе добива поддршка од Пелегрини и Михтарјан. Додека „ѓаволите“ ќе напаѓаат со Кавани, а зад него ќе бидат Погба, Фернандеш и Рашфорд.

Вилјареал сака да ја искористи предност на домашниот терен, па ќе ги нападне „топчиите“ со тројца фудбалери, додека Арсенал ќе игра во дефанзивна формација, па во наапдот ќе го има само Пепе.