Рома ќе „брка“ негатива против Шахтјор, Јунајтед во тешка мисија со Севилја

Вечерва на програмата на Лигата на шампиони не очекуваат големи возбудувања во реванш натпреварите од осминафиналето помеѓу Рома и Шахтјор, како и Манчестер јунајтед и Севилја.

Рома ќе мора да го поправи впечатокот од гостувањето кај Шахтјор, кога беше поразена со 2-1, па сега ќе мора да надокнади негатива од еден гол во Рим.

За домашниот состав нема да настапат Дефрел и Карсдорп поради повреди додека не е позната ситуцијата со Пелегрини, кој се пожали на болки во коленото. Додека кај гостите отсутни за овој меч ќе бидат Кривцов, и Малишев поради повреда.

Исто така треба да се каже дека на италијанскиот гигант му одговара победа од 1-0 или победа со два голови разлика доколку сака да се пласира директно понатаму, а доколку одиграат 2-1 во регуларните 90 минути, тогаш ќе гледаме продолженија.

Манчестер јунајтед може да му биде благодарен на својот голман Давид Де Хеа, кој со своите неверојатни интервенции успеа да ги спаси „ѓаволите“ од пораз во Шпанија, но сега Севилја доаѓа во Манчестер каде што домаќините најверојатно ќе ја диктираат играта.

За домашната екипа нема да настапат Блинд, Ерера, Џоунс и Рохо поради повреди, а не се сигурни ниту Ибрахимовиќ и Погба кои исто така имаат проблеми со повреда. Кај гостите настапот е неизвесен за Кароле, Карико, Корчија, Мена и Навас поради повреди.