Реал во проблеми: Алонсо утре во ЛШ едвај ќе ја состави одбраната

Реал Мадрид во вторник во Лигата на шампионите гостува кај екипата на Кајрат, а пред овој натпревар тренерот Чаби Алонсо се соочува со проблеми со повредени фудбалери.

Откако претходно беше потврдено дека поради повреда ќе отсуствува Дани Карвахал, сега отпаднал и Едер Милитао.

Бразилецот според последните информации не се повредил, но почувствувал непријатност и поради тоа Алонсо го изоставил и нема да патува на долгото гостување.

Ова е дополнителен проблем во одбраната каде што надвор од терените се уште: Арнолд , Рудигер и Ферлан Менди.

Натпреварот помеѓу Реал и Кајрат се во вторник од 18:45  часот.

Фото: Real Madrid C.F