Реал Мадрид израмни рекорд на Барселона - по добиени црвени картони за ривалите во ЛШ

Аталанта вечерва доби црвен картон уште во 17-тата минута против Реал Мадрид во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони. 

Исклучен беше Ремо Фројлер уште во 17-тата минута за старт над Бенжамин Менди. Статистиката вели дека противниците на Реал Мадрид по 15-ти пат добиле црвен картон во нокаут рундата во Лигата на шампиони. Ова е израмнување на рекордот на Барселона.