Реал Мадрид ги направил првите контакти со Антонио Конте

Претставници на Реал Мадрид имале првични разговори со Антонио Конте за да видат дали има интерес од Италијанецот да седне на клупата на „Сантијаго Бернабеу“. 

Италијанецот е прв кандидат да го наследи Хулен Лопетеги ако актуелниот тренер на Реал Мадрид загуби на „Ел Класико“, пишува „Скај Спортс“.

Конте е без работа сезонава, откако изминатото лето заработи отказ од редовите на Челси по две сезони. Лопетеги седна на клупата на Реал Мадрид ова лето, како наследник на Зинедин Зидан, но тимот не игра според стандардите. „Кралевите“ имаат само шест победи на 13 натпревари сезонава во сите конкуренции.

Извори на „Скај Спортс“, велат дека Конте уште минатото лето бил во контакт со Реал Мадрид, но одбил да го наследи Зидан, бидејќи сакал да одмори од фудбалот. Веројатно втората понуда од Реал нема да ја одбие.