Реал има играч повеќе против Аталанта, Сити со минимално водство (ВИДЕО)

По првото полувреме на двата вечерашни натпревари во Лигата на шампиони постигнат само еден погодок. 

Бернардо Силва погоди со глава во 29-тата минута по еден одличен центаршут од Жоао Кансело и му донесе водство на Манчестер сити од 0-1 против Борусија Менхенгладбах. 

Аталанта очајно го почна натпреварот, бидејќи уште во 17-тата Ремо Фројлер заработи директен црвен картон откако стартуваше остро над Бенжамин Менди, кој ќе избиеше сам пред голот. Реал Мадрид и покрај играчката предност во најголем дел од првото полувреме не го најде патот до мрежата, а најдобрата шанса ја имаше дефанзивецот Начо.