Рапино е најдобра кај дамите (ФОТО)

Капитенот на женската фудбалска репрезентација на САД, Морган Рапино, е најдобра фудбалерска на светот според „Франс фудбал“.

Рапино во трката по „Златната топка“ во женска конкуренција ги победи Англичанката Луси Бронз и колешката од репрезентацијата Алекс Морган. 

Инаку, Рапино ја предводеше селекцијата на САД до светската титула оваа година откако во финалето ја совладаа Холандија со 2:0. Рапино беше прогласена и за најдобра фудбалерка на турнирот но и најдобар стрелец на истиот (шест гола).