
Рајс погоди во стилот на Роберто Карлос, пред - Роберто Карлос
Двата се ремек-дела и двата потсетуваа на слични голови од минатото. Првиот беше постигнат во стилот на некогашниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос, а вториот во стилот на Дејвид Бекам.
Интересно е тоа што, како поранешен играч на Реал, Карлос беше присутен на синоќешниот меч на Емирејтс и го следеше мечот од ложата. Бразилецот имаше можност во живо да го види голот на Рајс кој потсетува на неговата мајсторија од 1997 година кога, во рамките на Купот на конфедерации, во дуелот со Франција го совлада Фабиен Бартез.
Траекторијата на топката е многу слична, разликата беше само во тоа што Карлос и Рајс шутираат со различни нозе, но тешко е да се одреди кој гол е поатрактивен.