ПСЖ со најсилниот состав ќе игра против Црвена Звезда

ПСЖ и Црвена Звезда вечерва играат на „Паркот на принцовите“ во Париз во второто коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Ц. Звезда речиси и да нема никакви шанси да го изненади европскиот гигант ПСЖ, кој ќе се обиде да се врати на победничките патеки, по поразот од Ливерпул во претходното коло.

Тренерот на Парижаните, Томас Тухел, реши да игра со најсилниот состав против српската екипа, која ја очекува вистински „пекол“ во Париз.

За составот на ПСЖ ќе играат: Ареола, Тиаго Силва, Кимпембе, Верати, Мбапе, Кавани, Нејмар, Ди Марија, Мунир, Бернат и Рабио.

За екипата на Ц.Звезда ќе настапат: Борјан, Јовичиќ, Дегенек, Крстичиќ, Марин, Чаушиќ, Симиќ, родиќ, Стојковиќ, Бен и Савиќ.