ПСЖ го отпушти, а Тухел за три месеци направи чудо со Челси!

Челси игра многу добро откако на кормилото на тимот пристигна Томас Тухел, кој го однесе премиерлигашот до финале во Лигата на шампиони (ЛШ), каде што ќе се бори со Манчестер сити.

Тухел стана прв тренер во историјата на елитното натпреварување кој стигнал до две финалиња во две сезони со различни екипи. Претходната сезона тоа му успеа со ПСЖ, а сега со Челси.