Познати петте можни ривали на Шкендија – Клуж и Ференцварош најтешки противници

Тетовска Шкенддија, македонскиот првак утре во 14.30 часот ќе го дознае противникот за првото коло во квалификациите во Лигата на шампионите, а веќе петте можни ривали на тетовци се познати, од кои два се исклучително незгодни – романски Клуж и унгарски Ференцварош.

Шкендија поради трите години по ред во кои стигнуваше до плејофот во Лига Европа влезе во групата на носители, па сега очекува полесен ривал на хартија, иако два од петте ривали се многу незгодни.

Покрај Клуж и Ференцварош, чиј член е македонскиот репрезентативец Стефан Спировски потенцијални ривали на тетовските црвено-црни се и литванска Судува, естонски Номе Калју и Арарат од Ерменија.

Првите мечеви се предвидени за 9 и 10 јули, а реваншите на 16 и 17 јули.