Познати двојките во осминафиналето на ЕП - нè очекува спектакл меѓу Франција и Белгија!

Вечерва беше комплетирана групната фаза на Европското првенство (ЕП), по што беа познати сите двојки за осминафиналето на шампионатот во Германија.

Во осминафиналето нè очекуваат неколку интересни пресметки, но сите погледи се насочени кон Франција и Белгија кои ќе се соочат на 1 јули.