Португалија на колена пред Грузија, Турција ја расплака Чешка

Грузија вечерва непријатно ја изненади Португалија со 2-0, додека Турција ја совлада Чешка со 2-1 во последното коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП).

Првиот гол за Грузија беше постигнат по само 92 секунди игра, кога Кварацхелија го матира Коста за предност од 1-0, додека вториот погодок го постигна Микутаѕе од пенал во 57. минута од мечот.

Чешка тргна опасно кон голот на Турција, но потоа Барак доби црвен картон и тука почнаа проблемите. Чалханоглу во 51. минута донесе предност за својата селекција, но Соучек ги врати надежите за чудо кај Чесите во 66. минута.

Продолжи борбата и во завршницата од натпреварот, а Турција преку Тосун стигна до вториот гол на мечот и триумф од 2-1.