Португалија ја прегази Турција и се пласира во осминафинале на ЕП

Португалските репрезентативци триумфираа со убедливи 3-0 против Турција во второто коло од групната фаза на Европското првенство (ЕП), а тоа значеше и пласман во осминафинале на турнирот.

Силва го скрши отпорот на противникот во 21. минута, а вистински шок доживеа Турција само седум минути подоцна кога Акајдин си постигна автогол.

Турција не можеше да ја врати неизвесноста во натпреварот, а победата за Португалија ја запечати Фернандеш во 56. минута.

Португалија е прва во групата Ф со шест бодови, Турција има три, додека по еден бод имаат Чешка и Грузија.