
Полска во големи проблеми: На пет дена пред ЕП има само еден здрав напаѓач!
Прво, пред неколку дена им се повреди Аркадиуш Милик кого го мачи коленото. Но, тоа како да беше само вовед во проблемите.
Во последната проверка пред Европското првенство, Полска играше против Турција. На оваа средба по 12 минути игра стигнаа до водство со голот на Карол Свидерски. Напаѓачот на Верона погоди по една добра акција со Роберт Левандовски. Но, при бурната прослава на погодокот лошо доскокна и го повреди коленото.
Според неговиот израз на лицето веројатно стануваше збор за сериозна повреда, па мораше и брзо да биде заменет.
Не поминаа ниту 15 минути од тој момент, па следуваше нов очај за Полска. Роберт Левандовски само се сруши на теренот и побара замена. Полските медиуми пренесуваат дека фудбалерот на Барселона се пожалил на болки во мускулот.
Така во овој момент на пет дена пред Европското првенство Полска на располагање има само еден напаѓач, Криштоф Пјотнтек.
Видео од повредите на полските напаѓачи можете да погледнете - тука.