Пикси доби „корпа“ од една од најголемите ѕвезди во српската репрезентација

Пред Србија се плеј-оф натпреварите за опстанок во Лига А од УЕФА Лигата на нации против Австрија, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ нема намера да се врати во српската репрезентација.

Според медиумите на нашиот северен сосед, фудбалерот на Ал Хилал, Сергеј Милинковиќ-Савиќ го одбил повикот од Пикси под образложение дека не е подготвен.

Популарниот СМС кој има 53 настапи за репрезентацијата на Србија, го бојкотира Пикси уште од завршувањето на Европското првенство. Тој ја пропушти целата групна фаза од Лигата на нации, а очигледно нема да биде ниту во баражот.

За разлика од него, повеќето кои на почетокот го бојкотираа Пикси, се вратија во селекцијата.