
Пијан Шкот во сообраќајка повредил шестмина – утнал на која страна се вози во Германија!
Полицијата се сомнева дека возел под дејство на алкохол и тоа на спротивната сообраќајна лента во близина на аеродромот „Веце“, кој е во близина на Диселдорф. Шкотланѓанецот возел по левата лента како во татковината, по што ја предизвикал несреќата, со оглед што во Германија како и во цела континентална Европа се вози по десната сообраќајница. Овој 25-годишен маж бил во автомобилот со уште четворица пријатели.
Тој и еден од неговите пријатели се тешко повредени, додека со полесни повреди се здобил 45-годишниот возач на другото возило, Германец од Дизелдорф. Селекцијата на Шкотска вечерва ќе биде дел од првиот меч на ЕП 2024 и тоа против против домаќинот Германија на „Алијанц арената“ во Минхен (21 часот).