Само девет клуба се поефикасни од Роналдо во историјата на ЛШ!

Дека Кристијано Роналдо е машина за голови, тоа е одамна познато, исто како и фактот дека урива рекорди како од шега и дека Лигата на шампионите посебно му одговара, а доказ за тоа се и последните два гола против Јувентус, од кои еден беше вистинска велемајсторија.

Но, тешко некој би можел да замисли дека само девет европски гиганти севкупно дале повеќе голови од Роналдо самиот. А зад него, предолга е листата на екипи, кои не може да го достигнат.

Делува нереално, ама вистинито е. И до крајот на сезоната, Роналдо ќе има шанса да го зголеми својот учинок, а до крајот на кариерата сигурно дека ќе остави бројка која тешко би ја достигнале повеќе од половина клубови во Европа за цел еден век.

ЛИСТА НА НАЈЕФИКАСНИ КЛУБОВИ ВО ЛШ

1. Реал Мадрид – 248 гола

2. Барселона – 234 гола

3. Баерн Минхен – 230 гола

4. Манчестер јунајтед – 214

5. Порто – 178

5. Јувентус – 178

7 Арсенал – 177

8. Милан – 165,

9. Челси – 156

10. РОНАЛДО - 119