Официјални состави: Дортмунд не се плаши од „кралот“, Сити ептен офанзивен против Шахтер (ФОТО)
Барем според официјалните состави, Борусија не се плаши од „кралот“, па со формација 4-3-3 ќе се обиде дури и да го изненади и да го искористи моментот во кој Зинедин Зидан е без левиот бек Марсело и без напаѓачот Карим Бензема, кои се повредени и ќе отсуствуваат цел месец.
Манчестер сити е домаќин на Шахтер, а Пеп Гвардиола реши против Украинците да оди екстремно офанзивно, за уште на полувреме да ја заврши работата, иако Шахтер против Наполи покажа дека не е за потценување и може да изненади. Гвардиола почнува со Давид Силва и Кевин Де Брајн како играчи за врска и поддршка за Серхио Агуеро, Лерој Сане и Габриел Хесус во нападот.
Еве ги официјалните состави на останатите шест мечеви.