Одлични вести за Ливерпул пред мечот на сезоната! (ФОТО)

Ливерпул допатува во шпанска Марбеља каде во наредните неколку денови ќе има мини подготовки за финалето од Лигата на шампионите.

Клоп во финишот на сезоната се сретна со повреди на некој од клучните фудбалери, а во легендарното полуфинале против Ливерпул не можеше да смета на Мохамед Салах, Роберто Фирмино и Наби Кеита. Но и покрај се, „црвените“ успеаа да се пласираат во финалето на ЛШ.

Сега, фотографиите од денешниот тренинг во Марбеља и тоа како ги израдуваа навивачите на Ливерпул. На нив може да се види токму Фирмино како тренери и тоа во полн погон. Бразилецот се повреди на крајот на април на еден тренинг, поради што пропушти неколку натпревари, но по се изгледа ќе биди подготвен за финалето на најпрестижното европско натпреварување.