Од толку ѕвезди на ЕП напаѓач на Мец е најдобар стрелец во групната фаза

Репрезентацијата на Грузија вчера оствари истори успех и со победата против Португалија се пласираше во осминафиналето на Европското првенство.

Во победата од 2:0 головите за Грузијците ги постигнаа Квича Кварацхелија и Жорж Микаутадзе. Кварацхелија е добро познат во фудбалската јавност со оглед на тоа дека блескаше во Наполи кога овој тим го освои Скудетото, додека Микаутатдѕе настапува за Мец.

Иако на Европското првенство настапуваат големи и скапо платени ѕвезди, сепак Микаутатѕе е најдобриот стрелец по завршувањето на групната фаза со со три постигнати гола. Тој погоди во сите три средби од групната фаза против Турција, Чешка и Португалија.

Голови на сите натпревари во групната фаза постигнале само уште осум играчи ни историјата и тоа: Мишел Платини (1984), Алан Ширер и Христо Стоичков (1996), Саво Милошевиќ (2000), Милан Барош и Руд ван Нистелрој (2004), Герет Бејл (2016) и Кристијано Роналдо (2021).

Во осминафиналето Грузијците ги чека тешка задача бидејќи ќе играат против Шпанија, една од селекциите кои покажаа најмногу на овој шампионат.