Новиот клуб на Чурлинов пред елиминација од квалификациите за ЛШ

Полскиот шампион Јагиелонија вечерва загуби на домашен терен со 0-1 од Бодо Глимт во првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони (ЛШ).

Новата екипа на македонскиот фудбалер Дарко Чурлинов би можела да се збогува од квалификациите откако одигра очаен меч на домашен терен и му дозволи на ривалот да доминира на теренот.

Реваншот меѓу екипите е закажан за 13 август, а победникот ќе игра против Црвена Звезда.