Нов рекорд: Роналдо стана најдобар асистент на ЕП!

Португалија триумфира со 3-0 против Турција и се пласира во осминафинале на Европското првенство (ЕП), а Кристијано Роналдо се запиша во историјата.

Роналдо му асистираше на Бруно Фернандеш при третиот гол на нивната репрезентација, а со тоа стана најдобар асистент во историјата на европските првенства.

Напаѓачот на Ал Наср претходно стана и најдобар стрелец на ЕП, односно има постигнато 14 голови.