Младинскиот првак на Македонија, Победа не успеа да испише историја и да стане прв наш шампион кој успеал да победи на меч во Лигата на шампионите и да мине мине едно коло, откако денеска само ремизираше со северноирски Колерејн (2-2) во реваншот од првата рунда и испадна со вкупни (4-5).

До 82-та минута прилепчани имаа водство, но ги задеси петминутен шок кога Колерејн go сврте мечот во своја полза со голови на Кели во 82-та и Мофат во 87-та, па до крајот Победа само се избори да остане непоразена, а завршницата од судиското надополнување со играч помалку не го искористи.

Тошески по шест минути игра на Победа ѝ донесе водство по асистенција на Филип Тодороски, ама прилепчани не знаеа потоа безмалку 80 минути да ја дуплираат предноста и да направат исчекор, па Северноирците ги казнија и Тодороски од пенал во 90-та само израмни.

Ова беше петти настап на еден македонски младински првак во ЛШ, а и по десет меча сѐ уште немаме победа, а уште помалку пласман во следна рунда. Ова беше трето реми од севкупните десет меча, после два на Шкендија со словачка Нитра и киевски Динамо претходно.