Никој не е како Меси: Аргентинецот даде гол против 40 различни тимови во ЛШ!

Аргентинскиот магионичар Лионел Меси вечерва постигна гол против Бенфика, иако ПСЖ не успеа да слави во Лисабон (1-1), но сепак тој му беше доволен за да испише историја.

Меси со голот против португалскиот тим успеа да се запише во историјата како единствен фудбалер кој постигнал гол против 40 различни екипи во Лигата на шампиони (ЛШ).