Неверојатно: Италија нема примено гол повеќе од 15 часа! (ФОТО)

Роберто Манчини направи вистинска револуција во италијанската фудбалска репрезентација, која вечерва стана првиот осминафиналист на Европското првенство (ЕП), а притоа стигна до интересен рекорд.

Италија нема примено гол повеќе од 15 часа, односно топката од нивната мрежа не ја извадиле веќе 965 минути, што е навистина неверојатен податок.