Неста објасни зошто на репрезентациите не им треба многу тактика

Легендата на Италијанскиот фудбал, Алесандро Неста смета дека е погрешно кога националните тимови креираат некоја посериозна тактика.

Темата на разговор беше причината зошто Лучано Спалети не успеа како селектор на Италија, а Неста смета дека тоа е поради неговото инсистирање да воведе одредена тактика.

Легендарниот дефанзивец смета дека многу тешко да кроите тактика во репрезентација.

„На националниот тим не му е потребна тактика, фудбалерите се заедно 3-4 дена. Ако ги научите на одредена тактика тие си заминуваат, се враќаат во своите клубови, два месеци подоцна повторно се собираат и веќе ја заборавиле тактиката која сте ги учеле“, вели Неста.