Популарен потег на РФМ: Навивајте за македонските ракометарки во Битола само за „стотче“!

Предводниците на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ги повикуваат сите љубители на ракометот да го бодрат женскиот сениорски тим во првиот квалификациски натпревар за Европското првенство 2026.

Избраниците на селекторот Кристијан Грчевски следната недела (19 октомври) во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ќе се соочат со селекцијата на Словенија, една од подобрите репрезентации во Европа.

Добра вест за фановите е дека влезниците за натпреварот чинат само 100 денари, што ги прави достапни за сите кои сакаат да бидат дел од овој возбудлив натпревар. Продажбата веќе е започната.