Фалангата се групира - Гент обоен во црвено-жолто (ФОТО+ВИДЕО)
Билетите брзо се распродадоа и на трибините се очекува бројка од речиси 1.000 навивачи. Низ улиците на Гент македонските фанови веќе се групираат и се загреваат за вечерашниот важен натпревар во битката за Светското првенство.
Македонија гостува во Белгија како лидер во групата со 11 бода, Белгија и Велс се со 10 зад нас со тоа што Белгијците се со натпревар помалку.
Натпреварот започнува во терминот од 20:45 часот.